Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Денеска и утре на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска и утре на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е пријавувањето во вториот уписен рок за прва година додипломски студии за оваа учебна година. За кандидатите што се запишуваат само според успехот од средното образование, прелиминарната ранг-листа ќе биде објавена на 20 септември, а конечната на 25 септември.

Наредниот ден, на 26 септември, е запишувањето на студентите. Кандидатите што се рангираат според успехот од средното образование и според проверка на знаења и умеења, полагањето ќе го имаат на 19 септември. за нив прелиминарната ранг-листа ќе биде објавена на 23 септември, а конечната два дена подоцна. според информациите од УКИМ, по првиот уписен рок слободни места има на речиси сите факултети во состав на скопскиот универзитет.

Па така на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на градежен факултет се слободни 233. На ФЕИТ за редовни студенти во државна квота се слободни 194 места, додека на ФИНКИ има 59 места, од кои најмногу на насоката компјутерско инженерство.

Реклама

За редовни студенти на Машинскиот Факултет за вториот уписен рок има 452 места, на Технолошко-Металуршкиот факултет 238, а на Природно-Математичкиот факултет 418 места.

На Економскиот факултет нема слободни места за студенти кои се финансираат од буџетот додека на правниот факултет има 100 слободни места. На филозофскиот факултет слободни има 592 места, а на Филолошкиот факултет околу 300 места за сите насоки.