Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

Втор европски јуниорски Џудо-Куп во Скопје

Викендов во Македонија ќе се одржи вториот по ред Европски Јуниорски Џудо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викендов во Македонија ќе се одржи вториот по ред Европски Јуниорски Џудо Куп –  Скопје 2024. Натпреварите ќе се одржат од 09 до 11 август во салата Јане Сандански во Аеродром.

Заради одличната организација и највисоките оценки кои ги добивме како национална џудо федерација, од страна на Европската Џудо Унија, Македонија повторно ја има можноста да биде домаќин на уште еден настан од највисок меѓународен спортски ранг.

„Ова е втор европски јуниорски куп, лани го имавме првито јуниорски куп. После подолго лобирање во Европската џудо унија, ни беше дадена таа доверба и успешно ја направивме организацијата“, рече претседателот на македонската џудо федерација Владимир Трпановски.

Реклама

Потпретседателката на Европската Џудо Унија, Катерина Родригез која за првпат е во Македонија рече дека е задоволна од тоа како досега течеле подготовките.

„За првпат сум во Македонија и за првпат учествувам на Јуниорски куп во Џудо во Македонија воопшто. И воглавно сум тука дојдена да ги проверам протоколите и сите работи кои ќе се случуваат во врска со организацискиот дел. Досега сум задоволна од се што видов и утре ќе биде главниот момент да се потврди моето доаѓање за што сум дојдена тука“, рече потпретседателката на Европската Џудо Унија, Катерина Родригез.

На Купот досега се пријавени вкупно 269 учесници од 26 земји, од кои 163 во машка и 106 во женска конкуренција.

Најбројна е селекцијата на Грција која брои 27 натпреварувачи и натпреварувачки. Најмногу џудисти се од Грција 19, додека со најголем број џудистки ќе се натпреварува Турција.

Македонија има вкупно 19 члена, десет во машка и 9 во женска конкуренција, кои ќе бидат предводени од селекторот Александар Фузевски.

Љубиша Владимиров