Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Втор ден од Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026

Со панел – дискусија на тема „Размена на лидерски искуства на високо ниво „Од реформа до реализација: Градење на конкурентна и отпорна енергетска иднина“ продолжува Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. На овој панел предвидено е да се обратат Орхан Муртезани, специјален советник на премиерот, шведскиот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со панел – дискусија на тема „Размена на лидерски искуства на високо ниво „Од реформа до реализација: Градење на конкурентна и отпорна енергетска иднина“ продолжува Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.

На овој панел предвидено е да се обратат Орхан Муртезани, специјален советник на премиерот, шведскиот амбасадор во земјава Ола Сулстром, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, директорот на АД МЕПСО Бурим Латифи и Александра Бујароска, експерт за животна средина во секретаријатот за енергетска заедница.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на отворањето на форумот порача предизвиците во најголемата енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент. 

Реклама

– Западен Балкан во моментов (Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија) можат да понудат отприлика годишно производство од 260 терават-часови нови производни капацитети во делот на обновливата енергија. Или ако ова го помножиме со некои стотина евра по мегават-час, тоа значи дека на годишно ниво можеме како Западен Балкан да акумулираме бизнис којшто и е потребен на Европа, само една петина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра годишно. Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни да се изградат овие капацитети и кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја. Ова е тоа што можеме на годишно ниво да го понудиме за Европа и потребите на Европа, рече Мицкоски. 

Форумот се одржува под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а ги обединува носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност.

МЕФ 2026 оваа година има статус на официјален партнерски настан на Претседателството со COP31, со што станува дел од пошироките меѓународни подготовки за претстојниот глобален климатски самит. Заклучоците и препораките од дискусиите во Скопје се очекува да влијаат на регионалниот придонес во глобалните разговори за климатска акција, енергетска транзиција, климатска отпорност и одржлив економски развој.