Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Врз база на лажни полициски искази, Јане Ченто во 2018-та бил однесен од куќен во затворски притвор, пресече Апелација

       Исказите на полицискиот службеник од април 2018 година дека притвореникот Јане Ченто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Исказите на полицискиот службеник од април 2018 година дека притвореникот Јане Ченто во моментот на проверката не бил дома, биле лажни, пресече Апелациониот суд од Скопје. Постапувајќи по жалбата на тогаш осомничениот, а сега веќе обвинет полициски службеник на одлуката од првостепениот Кривичен суд во Скопје, а по претходна тужба од Јане Ченто, повисоката судска инстанца, деновиве само го потврди она што од почетокот го тврдеше и семејството на Јане, а и тој самиот. „Иако задоцнета, оваа пресуда е само уште еден доказ дека случајот „27-ми април“ е монтиран без фер судење“, ни изјави за Алфа, таткото на Јане, Коле Спиркоски.

    „Она што го кажував јас пред 5,5 години дека мојот син го приведоа повторно во Шутка, незаконски, без никаков доказ, а службеното лице од МВР што дојде тука го пријави како отсутен, дека не е дома, дека бил излезен во тој момент. И наредниот ден тие дојдоа повторно, го зедоа и го вратија во Шутка, така што оваа Пресуда за нас е надеж дека понатаму ќе излезе вистината во целост“, – кажа Коле Спиркоски, татко на Јане Ченто.

   Пред критичниот ден кога Јане од куќен притвор повторно беше вратен во Шутка имало неколку кратки полициски проверки. Меѓутоа, во ниту една од нив немало директна комуникација со притвореникот за службеникот да заклучи дека тој не бил дома. Ниту заѕвонил, ниту викнал. Но затоа веднаш бил известен надредениот старешина, како и одговорниот судија дека лицето не било дома. Како доказ, семејството уште веднаш ги стави на увид и снимките од безбедносните камери на кои јасно се гледа дека Јане е дома. „Се’ беше залудно. Јане беше вратен во Шутка каде повеќе од две години помина низ пеколна тортура и тоа ниту една пресуда нема да го надомести“, – резигнирано ни рече таткото Коле.

Реклама

 „Ќе бараме повторно судење. Ние не бараме милостиња. Бараме правично и фер судење за да се докаже дали ние навистина имаме терорист дома, односно моментално е во затвор, или вистината ќе излезе на виделина дека нема никакво дело, сето наместено за „27-ми април“. Сето тоа е измислица на власта“, објаснува Спиркоски.

   Обвинетиот полициски службеник е осуден условно на 18 месеци, во наредните три години да не направи ново кривично дело. Јане Ченто првично беше осуден на 15 години затвор, па казната му е намалена на 13. Тој веќе 6,5 години е во затвор. Инаку, сега веќе принудно пензионираната обвинителка Вилма Рускоска, пред неколку дена јавно кажа дека воопшто не се кае за драконските казни за сите осудени за настаните од „27-ми април“, бидејќи им биле заслужени, рече таа.

  Каролина Дурло