Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Временска прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до…

Сподели:

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Во претпладневните часови, по одделни котлини се очекува појава на магла. Попладне, во западните делови од земјата ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота, врнежите ќе се прошират низ поголем дел од земјата, а на места ќе бидат пообилни, со количина од околу 20 литри на метар квадратен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека со спуштањето на постудена воздушна маса, проследена со засилен северен ветер, врнежите на повисоките и на некои од пониските места ќе преминат во снег. Минималната температура ќе се движи од -6 до 0 степени, додека максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има појава на магла, додека во вечерните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта, во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен ветер, кој во ноќните часови ќе се засили од север. Минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне 8 степени.

Реклама

Во сабота претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините ќе врне снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Во следните денови времето ќе биде стабилно, со појава на магла во котлините.