Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ВРЕДИ за Дебар, Мустафа Даути ја постави таблата на албански јазик на граничниот премин Блата

Посветеноста и ангажманот на ВРЕДИ за Дебар даваат конкретни резултати на терен.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посветеноста и ангажманот на ВРЕДИ за Дебар даваат конкретни резултати на терен. По поставувањето на двојазичните табли во Белановце, Ќафасан и Блаце, сега и граничниот премин Блато ја доби својата целосна форма со табла на албански јазик, поставена на местото што му припаѓа, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Овој резултат е плод на ангажманот на Мустафа Даути, заменик директор на Царината на Северна Македонија и кадар на ВРЕДИ, кој нагласува дека ова е само еден чекор од многуте што се преземаат за да се обезбеди јазична еднаквост и институционално достоинство во секој дел на земјата.

„По многу години занемарување, го враќаме она што е и законска и морална обврска, присуството на албанскиот јазик во јавниот простор. Ние не правиме пропаганда, туку конкретни дела. Довербата на граѓаните е наш аманет, а чесната работа е најголемата награда за таа доверба“, изјави Даути.

Реклама

Во Блато, албанскиот јазик денес стои таму каде што му припаѓа, на таблата, во институцијата и во срцето на секој Албанец. Овој чин е симбол на новата ера на јазично достоинство, за која ВЛЕН работи со посветеност, сериозност и видливи резултати.