Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

ВРЕДИ: Промената дојде, се зајакнуваат врските на Македонија со Косово

Промената на власта е сведок на промена на постапувањето. Владата на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промената на власта е сведок на промена на постапувањето. Владата на Македонија историски има добри односи со Косово. Но, одвреме-навреме, како резултат на албанската партија, ДУИ, како узурпатор на власта, билатералните односи беа “влошени“, бидејќи Али Ахмети играше со двојни стандарди, одеше на гости во Косово, а во Скопје се претвораше во ревносен домаќин за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Со доаѓањето на ВЛЕН во владата на РМ, односите меѓу двете држави само се продлабочија и соработката се зголеми. Кога со земјата управуваат вистинските луѓе, не недостасуваат правилни одлуки. Оттука, одлуката на Владата на Македонија да ја одржи првата меѓувладина средба во Приштина е една од најдобрите одлуки што докажува дека нашата земја е заинтересирана и вложи напори за градење на односи на задоволително ниво со соседите кои не опкружуваат.
Затоа, денеска, Владата на Македонија и таа на Косово ќе одржат заеднички состанок (Г2Г), кој е одраз на историски чекор кон зајакнување на нашите одлични билатерални односи и продлабочување на регионалната соработка. Во рамките на подготовките за овој важен настан, Владата на Македонија, исто така, одобри информации за три договори што треба да се потпишат со Република Косово:

  1. Протокол за заеднички гранични точки (едношалтерски центар) во Блаце- Елез Хан и Јажинце-Глобочица, за да се олесни непрекинатото движење меѓу нашите народи и бизниси.
  2. Договор за енергетика, за рационално користење на природните ресурси и зајакнување на енергетската безбедност, како одговор на предизвиците од енергетската транзиција и енергетската криза во регионот.
  3. Меморандум за образование, наука и иновации, со фокус на стручно образование и обука за возрасни, како и размена на искуства, литература и образовни проекти меѓу двете земји.
    И во минатото имало средби меѓу двете влади и потпишани договори, но нивната примена во пракса е невидлива, поради фактот што од немала позитивна волја од страната на Македонија, поконкретно од албанската партија на власт.
    Така што ДУИ имаше бесмислени инаети за свои цели со политичката партија што ја предводи владата на Косово, Самоопределување, па затоа секогаш кога се работеше за продлабочување на односите меѓу Македонија и Косово, имаше двоумење од страна на нашата земја.

Потсетуваме, ДУИ со “пациентот“ Бујар Османи како министер за надворешни работи и како прв човек на ОБСЕ не виде можност ниту еднаш да го брани суверенитетот на Република Косово ниту да има посета таму. Дури се радуваше што промовираше фотографии со Вучиќ.
За жал на ДУИ за среќа на Албанците од Македонија и на Албанците каде и да живеат, денес сме во поинакви и нови околности, денес Албанците достојно се претставени од коалицијата ВЛЕН.

Со ВЛЕН во владата, првиот премиер што го посети Скопје беше Албин Курти. Со ВЛЕН во владата се одржува првата меѓувладина средба во Приштина!