Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Вреди му ги исече крилата на ДУИ – Победи во Чаир, Сарај, Тетово, интегративците ќе се тешат со Пласница и Липково

Актуелниот вицепремиер Изет Меџити на триумфален начин се враќа во Чаир да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актуелниот вицепремиер Изет Меџити на триумфален начин се враќа во Чаир да раководи со општината. Во првиот круг од локалните избори го депласираше противникот Бујар Османи од ДУИ со освоени 15.733 гласови наспроти 12.264 во општината за која се водеше најжестоката битка меѓу двете најголеми албански партии. Односно, 51,82%  од гласовите отидоа кај ВЛЕН, а 40,39% кај Бујар Османи и Националната алијанса за интеграцијата.

Со огномет, членовите на ВЛЕН синоќа на Скендербер излегоа да ја слават победата. Лидерот на ВЛен и победникот во Чаир, Меџити, побара оставка од Али Ахмети.

Интегративецот Бујар Османи кој за време на кампањата не пропушташе можност да се појави пред камери, по поразот, не се појави во јавноста туку победата на својот против кандидат Меџити му ја честиташе преку својот Фејсбук профил

Реклама

Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир, и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години, Фејсбук профил на Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир.

Поразот на Бујар Османи во Чаир е уште потежок бидејки пред само три дена, тој денот на изборите го нарече рефендум за иднината на Чаир. Но, не само тоа што тој се надеваше на успешен рефендум и голема победа во Чаир, бадијала му беше и помошта на актуелната градоначалничка Данела Арсовска која две недели водеше кампања против Изет Меџити обвинувајќи го за дивоградбите во општината.

Коалицијата ВЛЕН, освен во Чаир, извојува победа и во други пет клучни општини како што се Арачиново, Желино, Сарај, и Теарце, а води и во Тетово. Актуелниот градоначалник Биљал Касами во првиот изборен круг е во предност со 4000 гласови пред неговиот опонент Бајрам Реџепи од Алијансата за интеграција на Али Ахмети. 

Коалицијата предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.