Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ сама признава дека функционира како озогласено политбиро

Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба, а веднаш потоа да рече дека „првото нешто“ е Груби да биде ослободен од куќен притвор.

Па добро, која приказна сега важи?

Реклама

На Ахмети очигледно не му излегува есапот. Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ.

Затоа нервозата расте. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот. И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт.

Дали Бујар го мери моментот кога да тргне кон лидерската фотелја или прво сака да види што сè може да излезе од „црната кутија“?

За случајот со Груби ќе одлучат институциите во кои од ДУИ до вчера се колнеа. Но лицемерната ДУИ ги признава само кога одлучуваат по нејзин есап. Нека престанат да глумат и нека кажат која од нивните приказни важи.