Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

„Вреди“: ДУИ го срамоти албанскиот фактор со напади врз стратешките партнери како САД и ЕУ!

„Вреди“ остро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот од ДУИ, кој во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вреди“ остро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот од ДУИ, кој во интервју за национален медиум изјави дека „тоа што им се нуди на меѓународните, тие го голтаат“. Ваквиот речник не е само политички неодговорен, туку претставува и тешка навреда кон нашите стратешки сојузници: Соединетите Американски Држави и Европската Унија, се вели во соопштението на „Вреди“.

Изразуваме сериозна загриженост за оваа арогантна позиција на ДУИ кон меѓународните партнери, кои со децении се најголеми поддржувачи на мирот, стабилноста и унапредувањето на правата на Албанците во регионот.

„Вреди“ не размислува како ДУИ. За нас, САД, ЕУ и дипломатските претставништва на западните земји се незаменливи партнери на евро-атлантскиот пат на државата.

Реклама

Албанскиот народ историски бил и останува најпро-американскиот и најпро-европскиот народ на Балканот. Албанците не ја забораваат клучната поддршка на САД и ЕУ во најважните моменти од нашата национална историја. Затоа, никој нема право во име на Албанците да користи потценувачки јазик кон нашите стратешки сојузници.

Оваа изјава само го потврдува она што „Вреди“ долго време го укажува: дека во рамките на ДУИ постои анти-западен менталитет и опасна носталгија кон српско-руските проекти во регионот. Не е случајно што токму ДУИ преку Бујар Османи го донесе Сергеј Лавров во Скопје во време кога цела демократска Европа ја изолираше Русија поради агресијата врз Украина. Не е случајна ниту слепата поддршка на ДУИ за проектот „Отворен Балкан“, кој беше широко перципиран како платформа за ширење на српско-руското влијание во регионот.

Дали е ова истата партија чии функционери завршија на црната листа на Државниот департмент на САД? Зарем ова не се конкретни докази дека меѓународните не се наивни, туку дејствуваат кога се соочуваат со корупција и злоупотреба на власта? Тогаш, кому му се упатени овие изјави: на меѓународните или на електоратот кој се обидуваат да го држат во илузија?

Денес, кога ДУИ се соочува со најдлабоката политичка криза и со губење на довербата кај Албанците, излегува на виделина нејзиното вистинско лице: напади врз Западот, навредлив речник кон сојузниците и паника од губење на власта.

„Вреди“ им се извинува на нашите меѓународни сојузници за овој неприфатлив и навредлив речник на ДУИ. Албанците не се идентификуваат со овој менталитет. ДУИ го има изгубено политичкиот и моралниот компас и, во недостаток на идеи и граѓанска поддршка, ги напаѓа токму оние кои историски стоеле покрај Албанците и нашите стратешки интереси.