Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ го користеше Охридскиот договор како личен банкомат

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење.

Толку е долга листата на корумпираните функционери на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно зборуваше за „ендемска корупција“ и токму на овие што денес се удираат в гради со „албанството“ им стави печат на корупција.

Реклама

Колку и да е болна, ова е наследството на нивното владеење. Сопот, Енциклопедијата, „Скопје 2014“, „Монструм“, „Дива Населба“, масовното прислушување, малиот Алмир, „Дурмо Турс“, „Беса Транс“, „Отворен Балкан“, модуларната болница, казината и игрите на среќа, бегствата од правдата, помошта за бегството на Никола Груевски, спасувањето на Сашо Мијалков преку Артан Груби и Енвер Беџети, како и многу други кражби и манипулации.

Ова е нивната вистина, која не можат да ја сокријат ниту со документарци, ниту со видео-пораки, ниту со скапо платени панели.

Охридскиот договор им припаѓа на Албанците. Тој не е тапија на Али Ахмети, ниту семејно наследство на фотељашите од ДУИ.