Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

ВРЕДИ: Црната кутија Артан Груби го држи ДУИ во заложништво

ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво, се вели во соопштението од ВРЕДИ. 

Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети.

Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, злоупотребите и валканите врски на оваа партија. Затоа денес многу функционери на ДУИ се во паничен страв од едно прашање

Реклама

Што може да прозбори Артан Груби?

Нивното „единство“ не е единство. Тоа е молк од страв. Тоа е сојуз на луѓе кои се држат едни со други не од идеја, туку од компромитирачки досиеја.

Со правосудство кое сè повеќе се ослободува од влијанието на ДУИ, секој ден гледаме истраги, апсења, коруптивни скандали и злоупотреби на службена положба во вредност од стотици илјади и милиони евра. Ова е распаѓање на еден систем.

Империјата што ја градеа со години врз страв, пари и уцени денес им се распаѓа пред очи. Кулата од карти паѓа, а кога ќе се отвори црната кутија Артан Груби, многумина во ДУИ нема да бараат политички излез, туку спас за себе.

Албанците повеќе нема да бидат заложници на оваа деструктивна структура. ВЛЕН избира друг пат. Пат на чесни луѓе и одговорност. И затоа разликата е јасна. Тие се бранат од вистината, ние ја бараме.