Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВРЕДИ: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на слобода и да може да продолжи со својот живот,  наведува ВРЕДИ во соопштение.

Денес гледаме луѓе од таборот на Груби кои нудат имот како гаранција. Но, прашањето останува: Чиј е тој имот и како е стекнат? И деца и возрасни знаат колку години работа и жртвување се потребни за да се изгради една куќа. А за проблемот на Груби, стотици илјади евра веднаш се ставаат на маса.

Но, главното прашање е друго: Зошто кога проблем беше граѓанинот, немаше ниту пари, ниту решение, ниту одговорност?

Реклама

За време на годините на владеење на ДУИ, над 350 илјади Албанци заминаа во странство. Зад оваа бројка не се кријат само бројки, туку разделени семејства, празни домови, родители кои останаа да чекаат и цела генерација млади луѓе кои беа принудени да ја бараат својата иднина далеку од родното место.

Додека Албанците заминуваа за да обезбедат егзистенција и подобар живот, функционерите на ДУИ градеа имот, а денес нивните активисти излегуваат да го бранат „спасителот на Мијалков“, човекот од американската црна листа и човекот кој го насади коцкањето во секое албанско населено место.

Тоа е разликата меѓу проблемите на граѓаните и проблемите на ДУИ.

ДУИ ја имаше власта, но на Албанците им го остави печалбарството.

Денес, со ВЛЕН, се работи младите да не го гледаат заминувањето како единствена опција и оние што заминале да имаат причина да се вратат во својата земја.