Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

„Вреди“ ќе учествува на лидерската средба, коалицијата поддржува укинување на техничката влада

„Вреди“ ќе учествува на утрешната лидерска средба во Клубот на пратениците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вреди“ ќе учествува на утрешната лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје, свикана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами.

– Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на лидерската средба. Таму ќе присуствуваме јас како координатор и Биљал Касами како еден од лидерите на „Вреди“. Во поканата нема конкретни прашања – рече тој.

Реклама

Во однос на пржинската влада, Ќоку нагласи дека не ѝ прилега на една земја која преговара за влез во ЕУ да има техничка влада. 

– Во однос на пржинската влада, ние мислиме дека веќе не е потребно уште да постои бидејќи таа е составена кога државата беше во криза, а ние немаме веќе кризен модус. Ова го докажавме како Влада и како администрација во организирањето на локалните избори. Ние знаеме дека таа влада се составуваше и за да имаме покредибилни, фер и демократски избори – рече тој.

Ќоку истакна дека земјата на локалните избори докажа дека и без пржинска влада може да организира фер и демократски избори.

 – Ние без пржинска влада на локалните избори докажавме дека не е потребна техничка влада за да имаме кредибилни, фер и демократски избори. Значи, не е потребно. Ние сакаме да сме дел од преговорите за Европска Унија и не прилега, не е нормално, една држава, која е пред вратата на ЕУ, да има таква техничка влада, што значи дека не е кредибилна да организира фер и демократски избори – рече тој.

Ќоку потенцира дека „Вреди“ сè уште нема одлучено за моделот на изборните единици.

 – Една изборна единица е само еден предлог. Има повеќе – со три изборни единици, со осум изборни единици, со отворени листи. Има сет предлози. Ние како „Вреди“ немаме краен предлог за кој модел сме, но се зборува, значи дискутираме за оваа тема, без краен предлог – изјави координаторот на „Вреди“, Беким Ќоку.