Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Вработените во „Улици и патишта“ си ја бараат платата, во спротивно ќе го блокираат Скопје во понеделник

Целосна блокада на улиците од понеделник најавија вработените во Јавното претпријатие „Улица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна блокада на улиците од понеделник најавија вработените во Јавното претпријатие „Улица и патишта“, доколку до петок не им бидат исплатени парите кои им ги должи градот Скопје.

Поради лошото менаџирање на градоначалничката и разрешувањето на директор Ванчо Умленски, велат дека претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на нивните плати.

„Донесовме одлука доколку до петок не се исплати плата, вработените во понеделник, со механизација ќе излеземе пред Градот Скопје. Ова веќе верувајте е неиздржливо. Овие луѓе овдека си ја имаат зарботено платата. Работат, ги гледаме по улиците низ Скопје на плус 50 степени, на минус 20. Овие луѓе без плата не можат да работат“, изјави Марјан Ристевски претседателот на КСОМ.

Реклама

Причината за ваквата состојба вработените велат дека лежи во презадолженоста на претпријатието кон добавувачите, во износ од 240 милиони денари. Според вработените, долгот не се подмирувал од страна на директорот, односно градоначалничката, а ако се вршеле плаќања, тие биле кон фирми блиски до секретарот на Град Скопје и Арсовска.

Велат и дека сметката им е блокирана и дека во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници, затоа што добавувачите одбиваат да им ги испорачуваат потребните  материјали за секојдневното работење. Градежните машини и возила се со дефекти и не се сервисираат со месеци.

„Се плашам дека, еве се јавуваат и од другитe јавни претпријатија од градот, може сите да се вклучиме заедно, конечно да се изнајде решение за јавните препријатија кои се во градот. Гледате ЈСП воопшто не функционира, учениците добиваат изостаноци. Голем е револтот немаме директор имаме информација дека, некој директор дошол, видол каква е ситуацијата, никој не се нафаќа, не знаеме што, но овие луѓе заслужуваат да земат плата“, вели Марјан Ристевски.  

Вработените велат дека се принудени преку штрајк да го остварат своето право на плата. Протестот го најавија за во понеделник, пред просториите на градот Скопје, каде ќе се појават со целата механизација што функционира, а поддршка очекуваат и од членството на другите синдикати.