Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Вработените во болницата за белодробни заболувања во Лешок се кренаа против одлуката да се припојат кон тетовската болница

Болницата за белодробни заболувања во тетовски Лешок, која досега функцираше самостојно, сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болницата за белодробни заболувања во тетовски Лешок, која досега функцираше самостојно, сега заминува под капата на тетовскиот клинички центар. Владата во заминување реши во последен момент да прави реорганизација на оваа здравствена установа, со цел таа да дојде под контрола од тетовската болница. Сомнежите во јавноста се дека со овој потег ќе овозможи полесно вработување под партиски клуч и со етнички мотиви. Вработените се спротивставија на оваа одлука и побараа техничката влада, која не сноси политичка одговорност, да не одлучува за нивните судбини.

  • „Зошто Министерството за здравство со сите свои министри до сега не направија план за вработување на кадри, специјалисти, не дадоа дозволи за специјализации и програма, иако секоја година добиваа извештаи? Бараме да се донесе кадар, доктори, специјалисти, за да продолжи нормално функционирање на болницата. Барањето од министерот Демири, поврзано со нашата болница итно да се поништи, да не се даде на следна владина седница. Бидејќи за 8 години, ако не се најде решение, ќе се најде за две недели? Вработените не се согласуваат било која одлука со која ќе биде на штета на болницата. Оваа болница работи 50 години самостојно. Не треба да се приклопуваме кон ниту една болница.“ – Порача Валентина Зафировска од синдикат на болница за белодробни заболувања во Лешок.

Во телефонски разговор за Алфа, директорот на болницата во Лешок, Исмаил Ваити, вели дека им недостасуваат доктори специјалисти. Тврди дека имаат буџет за нови вработувања но не добиваат амин од Влада за тие да се спроведат. Тој побарал решение за овој проблем, а од Министерството за здравство очигледно сметаат дека преку спојувањето со клиничкиот центар во Тетово ќе го надминат овој проблем.

Министерот за здравство Илир Демири, вчера на новинарско прашање ја правдаше одлуката, вели дека ако ова не се случи, вработените во лешочката болница ќе останат без плата.

Реклама

Никола Цветкоски