Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Вработени во службата на Уставниот суд на обука за стратешко планирање и управување со човечки ресурси

Вработени од стручната служба на Уставниот суд учестуваа на обука фокусирана на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработени од стручната служба на Уставниот суд учестуваа на обука фокусирана на стратешко планирање, управување со човечки ресурси, улога на кадровскиот капацитет и евалуација, поддржана од ЕУ проектот ИПА 3.

Обуката, како што информираат од Уставниот суд, беше насочена кон унапредување на институционалното планирање, подобрување на организациските процеси и зајакнување на системот за оценување и професионален развој на административниот кадар. Посебен акцент беше ставен на практичната примена на алатките за стратешко управување и јасно дефинирање на одговорностите и перформансите.

Како експерти на проектот беа ангажирани Карстен Манке, тим лидер на ЕУ проектот, и Пепа Лалева, сениор правен експерт, кои обезбедуваат стручна поддршка во областа на организациски развој, управување со човечки ресурси и воспоставување ефикасни механизми за евалуација.

Реклама

Вработените од Судот учествуваа во изработка на презентации и интерактивни практични сесии, кратки планови со конкретни насоки за унапредување на одредени аспекти од функционирањето на Судот.

Со оваа активност се дава придонес кон понатамошно јакнење на професионалноста, ефикасноста и институционалниот капацитет на службата во Уставниот суд, стои во соопштението.