Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Возач на автомобил загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид – Кичево 

Едно лице настрада во сообраќајна незгода што вчера се случи на магистралниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едно лице настрада во сообраќајна незгода што вчера се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на излезот од Охрид во близина на локалитетот „Мауцкер“.

Како што се посочува во информацијата од полицијата, синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки прво удрило во кучиња скитници, потоа во металните браници покрај патот и се запалило.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а во возилото било пронајдено телото на лицето кои управувало со возилото. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.

Реклама

Од СВР Охрид додаваат дека бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.