Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Војната на Владата против криминалот може да пропадне ако судството сега не си ја заврши својата работа

Груби, картели, терористи, висока корупција и криминал – Отворената војна на владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Груби, картели, терористи, висока корупција и криминал – Отворената војна на владата со организираниот криминал и корупцијата во земјата може да биде залудна и загубена, доколку судството сега не покже дека е достојно на задачата. Успешните полициски акции, собирањето докази и апсењата може да бидат за џабе доколку овие моќници ги искористат своите пари и влијане за да преку корумпираното судство спасат глава.

Првиот симптом е фактот што судот донесе одлука за мерки за препазливост за 4-ца луѓе од случајот Лотарија, но уште тактизира со притворот на Груби кои барал да не заврши во Шутка како услов да се врати во Македонија.

Вака дел од поранешните гонители на криминал и корупција го оценуваат однесувањето на Обвинителството и Судот за случајот со милионската проневера во Лотарија, за која полицијата осомничи високи партиски функционери на СДСМ и ДУИ.

Реклама

Политички пазари, договори меѓу судии и обвинители, се уште е нејасно зошто судството не истрае во борбата со корупцијата и не ги процесуира до крај сомнежите за криминалното однесување на функцинерите од двоецот СДСМ и ДУИ, коментира поранешниот антикорупционер, Воислав Зафировски.

За поранешниот обвинител Воислав Димовски сосема е јасно зошто Јавното обвинителство и Обвинителство за организиран криминал не си ја вршат работата. Според него, тие се под влијание на политичките елити од кои се избрани и се додека се челници на судството, во Македонија ќе се заштитува корупцијата на функционерите од СДСМ и ДУИ.

Имено, кривична пријава за корупцијата во Лотарија, е поднесена и против поранешниот премиер Димитар Ковачевски и екс генералиот сектретар Методија Димовски, иако тие се уште не се опфатени во истрагата на Јавното обвинителство. Обвинувањата се насочени околу Државната лотарија, која и покрај тоа што немаше дозволи за електронско и онлајн коцкање, набави опрема за игри. Јавното обвинителство покрена истрага за проневера на над 8 милиони евра, поднесувајќи кривични пријави против шест лица, меѓу кои се Артан Груби и поранешниот директор на лотаријата Перпарим Бајрами.