Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Водици во Прилеп

Околу 100  верници од Прилеп ќе учествуваат на традиционалното, централно, фрлање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 100  верници од Прилеп ќе учествуваат на традиционалното, централно, фрлање на светиот крст во осветените води на Аква базенот во прилепскиот хотел „Салида“ што ќе се одржи в понеделник напладне, на Богојавление – Водици. Од сите учесници кои се пријавија во изминатите три дена, едно е женско.

Инаку, над 500 верници на 20 локации во општина Прилеп ќе се фрлат по Светиот крст за Водици. Покрај централниот настан, Светиот крст ќе биде положен и во водите на реките и базените во уште 19 населени места на територијата на Општина Прилеп: Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица.

Утрото, на Водици, во прилепската црква „Св. Благовештение“, по традиционалното пуштање на гулабите во 6:30 часот и по свечената божествена литургија, симболично ќе се одржи и фрлањето на Светиот крст во фонтаната (базенчето) во дворот на Црквата, околу  9:30 часот. Овој чин е наменет за дечиња, не постари од 13 години, кои ќе го вадат Светиот крст од осветените води.

Реклама

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, претседателката на Советот и делегации составени од членовите на Советот ќе бидат присутни на сите 20 места.

– Локалната самоуправа има обезбедено пригодни подароци за сите учесници, а исто така и компаниите „Зегин“ и „Евротип“ ќе обезбедат пригодни подароци за оние што први ќе го извадат Светиот крст од осветените води во Прилеп, информираат од прилепската локална самоуправа.