Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Загреб ќе биде одбележан Денот на независноста со изложба на Државниот архив и концерт на хорот „Про Арс“

По повод 8 Септември – Денот на независноста, Државниот архив на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 8 Септември – Денот на независноста, Државниот архив на Македонија, во соработка со Хрватскиот државен архив, Амбасадата на Македонија во Хрватска и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, денеска ќе организира свечен културен настан во хрватската престолнина.

Настанот ќе се одржи во Хрватскиот државен архив во Загреб со почеток во 19 часот, а во програмата е предвиден свечен концерт на професионалниот хор „Про Арс“, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски.

Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена и изложбата „Архивските документи: столб на македонскиот идентитет“, преку која ќе бидат претставени значајни архивски материјали што сведочат за историскиот континуитет, културното наследство и стремежот за државност на македонскиот народ.

Реклама

Организаторите посочуваат дека изложбата ќе ѝ овозможи на хрватската и меѓународната јавност увид во автентични историски документи поврзани со клучни настани и процеси од македонската историја.

Настанот има за цел да ја истакне улогата на архивите во зачувувањето на историската меморија и државниот континуитет, но и да ги потврди долгогодишните културни врски и соработка меѓу Македонија и Хрватска.