Реклама

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Македонија

Во Владата одбележана 25-годишнината од Рамковниот договор: Историски договор што остави силна трага во развојот на државата

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата.  

– Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, но и да се видат одредени работи од дистанца. Да се даде и еден осврт којшто е и може да е пообјективен од она што се случувало во тие денови. Дел од актерите се помеѓу нас, дел од актерите за жал не се повеќе помеѓу нас – рече вицепремиерот Николоски. 

Македонија, додаде тој, беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. – Конфликтот чукаше на врата, носеше неизвесност, поделби, страв и државата беше на ивицата да стане држава на поделби, на раздор и на силен национализам. Пред 25 години државата можеше да тргне по тој пат, но избра да тргне по сосема друг пат — по пат на соработка, на дијалог, на меѓусебно почитување и меѓусебно разбирање – потенцираше Николоски. 

Реклама

Тој потсети дека во постигнување на договорот учествуваа и претставници на меѓународната заедница, нашите партнери од Европската Унија и од НАТО, таму, како што нагласи Николоски, каде што државата природно припаѓа, не само заради својата политичка определба, туку и заради јасната определба на сите коишто живеат во Македонија, којашто е јасно прозападна и проатлантска.

– Мораме да бидеме отворени, јас секогаш сакам да бидам отворен, и да кажеме дека ако гледаме поназад децении по потпишување на договорот, имаше и поединци, и цели политички структури, и цели политички партии коишто за среќа не се дел од оваа Влада, коишто договорот го злоупотребуваа за свои лични интереси. Се обидуваат да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам, етнички тензии и на тој начин да владеат со државата и мора да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа. Засега еве да видиме во овие две години дека во суштина најголем дел од работите биле поврзани со личниот и семејниот интерес – рече вицепремиерот Николоски.

Денес, нагласи тој, државата ја градиме како модерна и просперитетна. 

– За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце. Интензивно се гради Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани. Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево. Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе првиот квартал на следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга. Се гради Битола – Прилеп, го пуштавме Градско – Дреново – Фариш, го пуштавме Куманово – Крива Паланка. Почнуваме да градиме Кочани – Виница – Делчево, Радовиш – Струмица, граница со Бугарија – рече Николоски.

Ова, според него, е начинот на којшто треба да се развива државата, исто како што се развива и железницата.

– Веќе интензивно работиме на Коридорот 8, поврзување со Бугарија, а очекувам во соработка со Европската Унија веќе следната година да почнеме да работиме Скопје – Јагуновце – Тетово – Гостивар прва фаза, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга – рече Николоски.

Вицџепремиерот посочи дека се инвестира многу и во образованието, каде што се прават темелни реформи коишто треба да дадат иднина на државата преку образование на нови генерации.

– Има силен инвестициски циклус и во инфраструктурата — се градат основни училишта, средни училишта, универзитети, се помага на истите и се стимулира научната дејност. Така и во здравството, така и во социјалната грижа и така ќе продолжиме да работиме – рече Николоски. 

Рамковниот договор, нагласи тој, е едно поглавје од нашата историја коешто сведочи дека научивме да живееме заедно, но истовремено и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. 

-Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава – рече Николоски.

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали истакна дека со овој договор, нашата држава избра да ја гради стабилноста не врз логиката на мнозинството и малцинството, туку врз партнерството меѓу заедниците, врз граѓанската еднаквост и врз споделувањето на правата и одговорностите за сите граѓани подеднакво. 

 -Ваквите годишнини секогаш имаат значење, бидејќи ни го освежуваат историското сеќавање и имаат посебна вредност затоа што ни даваат можност повторно да ги преиспитаме темелите врз кои е изградено нашето општество и држава. Но и да размислиме за одговорноста што ја имаме ние денес за иднината. Охридскиот рамковен договор беше инструмент за прекинување на конфликтот од 2001 година. Тој беше политички договор кој понуди нов начин на организирање и функционирање на Република Северна Македонија – рече тој.

Сали потенцира дека Охридскиот договор поставил нов политички стандард дека демократијата не се мери само преку слободни избори, туку и преку способноста на институциите да обезбедат инклузивност, правична застапеност, дијалог и доверба меѓу граѓаните.

-Затоа, Охридскиот договор не треба да се гледа како затворен и завршен документ, туку како жив механизам на нашиот уставен поредок и како политичка насока за секоја институција на државата. Тоа подразбира институции кои функционираат врз принципот на еднаквост и правична застапеност, јавни политики кои создаваат доверба меѓу заедниците, како и администрација која им служи на граѓаните без разлика на нивната етничка, јазична или верска припадност. Оттука, наша одговорност е да ги спроведуваме неговите одредби и да се придржуваме до неговиот дух. Токму тоа го правиме и ние како Влада — неодамна и со предлагањето до Собранието на Република Северна Македонија на една значајна одредба што произлегува од овој договор, како што е Законот за соодветна и правична застапеност -рече тој.

Во овие 25 години, како што посочи вицепремиерот, научивме една важна политичка лекција: стабилноста не е производ на случајноста, туку се гради преку дијалог, комуникација, компромис и почитување на договорите.

-И пред сè, се гради со доверба дека оваа држава им припаѓа на сите граѓани подеднакво. Во таа смисла, Охридскиот договор, покрај правните механизми, создаде и нова политичка култура која од нас бара да слушаме и тогаш кога не се согласуваме, да преговараме и тогаш кога имаме разлики и да носиме одлуки кои го зајакнуваат заедничкиот државен интерес. Токму затоа, дијалогот не треба да се гледа како компромис со принципите, затоа што дијалогот е најдемократскиот начин за заштита на принципите. Охридскиот договор нè научи дека зачувувањето на меѓуетничкото партнерство е прашање што им припаѓа на сите. Тоа е стратешки интерес на Македонија, затоа што една мултиетничка држава може да биде успешна само тогаш кога секоја заедница се чувствува како сосопственик на институциите и како соодговорна за иднината посочи Сали.

Потенцира дека одговорноста на оваа Влада е јасна дека треба да градиме политики кои ја зајакнуваат општествената кохезија, да создадеме институции кои произведуваат доверба и да гарантираме дека еднаквоста не е само уставна норма, туку и секојдневна реалност на секој граѓанин.

-Ова е стандардот кон кој се стреми нашата држава, ова е стандардот што го очекуваат граѓаните и ова е стандардот што го бара процесот на европска интеграција. Стремејќи се кон членството во најуспешниот сојуз во историјата на стариот континент, познат под мотото „Обединети во различностите“, ние ја следиме политичката филозофија според која единството не се гради со бришење на разликите, туку со нивно почитување и претворање во извор на сила. Во многу аспекти, оваа филозофија се совпаѓа и со духот на Охридскиот рамковен договор, затоа што и Охридскиот рамковен договор го изгради мирот врз прифаќањето на различностите, а не врз нивното негирање – рече тој.

Нашата задача денес, како што нагласи вицепремиерот, не е само да го заштитиме Охридскиот договор како историско достигнување, туку имаме потреба и да го развиваме.

-Секоја генерација има своја задача да го збогати наследството што го добила. Ако политичарите од 2001 година ги изградија мирот и институционалната еднаквост, нашата генерација треба да ја изгради долгорочната доверба меѓу заедниците, да изгради поефикасни институции и држава која функционира според највисоките европски стандарди. Тоа е вистинското значење на почитувањето на Охридскиот договор.

Подсетувајќи се на овој договор и на неговиот дух, Сали е убеден дека земјава ќе биде посилна секогаш кога ќе се инвестира во дијалог, а не во поделби; во соработка, а не во исклучување; во доверливи институции, а не во недоверба.

-Ова е нашата визија за праведна, демократска и европска држава. Држава во која еднаквоста не е привилегија, туку е принцип; држава во која разновидноста не се доживува како предизвик, туку како политички и општествен капитал. Нека биде овој јубилеј не само потсетување на она што сме го постигнале, туку и заложба за она што треба да го изградиме – рече првиот вицепремиер Сали.