Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Во велешката касарна одбележан Денот на Армијата

Во Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Командата за обука и доктрини при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес во салата на Војничкиот клуб денеска свечено беа одбележани 34 години од формирањето на македонската Армија. Пред бројните присутни гости и армиски претставници и поранешни  команданти, Денот на Армијата – 18 август од свечената говорница им го честита полковник Дарко Стојкоски, заменик командант на Командата за обука и доктрини (КОД).

Тој потсети дека 18 август е прогласен за Ден на Армијата со одлука на Владата од 3 јуни 1993 година како датум со длабоко историско значење. Токму на 18 август 1943 година на Славеј Планина со наредба на Штабот на Втората оперативна зона бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“ како прва регуларна воена единица на народноослободителната војска.

Заменик командантот полковник Стојкоски, потсети дека на 27 март 2020 година Република Македонија стана 30-та полноправна членка на НАТО,дел од најмоќниот политичко-воен сојуз во светот,заснован врз принципите на солидарност, заедничка одговорност и колективна одбрана.

Реклама

– Во тој развоен пат Командата за обука и доктрини има свое значајно и препознатливо место. Нашиот придонес се препознава во обученоста и подготвеноста на секој војник,подофоцер и офицер кој поминал низ системот на институционална обука. Преку обуката и подготовката на идните офицери и подофицери, индивидуалната обука на војниците, развојот на доктрините, правилата и упатствата,изучувањето на англискиот јазик, развојот на системот на научени лекции, користењето на современи симулациски системи, поддршката и реализацијата на различни форми на обука и вежбу, активностите на Армискиот полигон „Криволак“, развијот на резрвната компонента,како и обуката и одгледување службени кучиња, КОД системски придонесува кон создавање на капацитети и јакнење на оперативните способности на Армијата, појасни полковник Стојковски.

Додаде дека обуката е темелот на подготвеноста, а знаењето е една од најсилните способности што може да ги поседува една Армија.

-Тоа е мисијата на КОД и тоа е нашиот придонес кон борбената готовност на Армијата, потецира заменик командантот полковник Стојкоски.

На свеченоста на старешини, припадници на Армијата како и цивилни лица во служба на Армијата по повод 18 август – Денот на Армијата, им беа доделени наградни отсуства парични награди како и златни, сребрени и бронзени значки за повеќегодишен придонес на служба и унапредување на Армијаа.