Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Во третиот квартал годинава 10 033 слободни работни места

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од годинава изнесува 2,02…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од годинава изнесува 2,02 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во групата Елементарни занимања, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третиот квартал годинава се регистрирани вкупно 10.033 работни места. Од нив, 2.393 се во преработувачката индустрија, 1.830 во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 867 во  Административни и помошни услужни дејности, 730 во Образование, 719 во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 705 во Градежништво, 660 во Транспорт и складирање, 458 во Дејности на здравствена и социјална заштита, 354 во Стручни, научни и технички дејности, 324 во Информации и комуникации…
 
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53  проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,69  проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,22  проценти.

Реклама

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70  проценти. 

И во првиот кваратал годинава стапката на слободни работни места изнесуваше 2,02, а во вториот квартал година 2,08.