Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во тек реконструкцијата на градската капела во Куманово, најавена и голема акција за чистење на гробиштата

Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и директорот на ЈП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Сашо Томиќ, денеска извршија увид во градежните работи за целосна реконструкција на капелата и партерното уредување. Тие  ја најавија и претстојната голема акција за чистење на градските гробишта пред празникот Голема Богородица.

Реконструкцијата на капелата е  проект  во вредност од 36 милиони денари, аплициран од Општина Куманово и се реализира преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

-Ова е проект што Општина Куманово го аплицираше директно во Министерството за транспорт и врски во износ од 36 милиони денари. Сакам да се заблагодарам на ресорниот министер Александар Николоски што проектот беше прифатен и потврден од страна на Владата. Денеска веќе има избрано изведувачи и се реализира целосната реконструкција на капелите и партерното уредување. Верувам дека работите ќе завршат во предвидениот рок- рече Димитриевски. 

Реклама

Тој ја информираше  кумановска јавност дека следната недела ќе се одржи голема акција за чистење на градските гробишта во пресрет на празникот Голема Богородица.

-Ги поканувам сите граѓани кои имаат семејни гробни места да се вклучат, бидејќи тоа е нивна обврска кон сопствениот имот, за заедно да му дадеме достоинствен лик на местото каде што почиваат нашите предци-рече Димитриевски.

Директорот на претпријатието, Сашо Томиќ кажа дека ќе обезбедат опрема, алатки, поддршка од општествено-одговорни компании за акцијата. Претседателката на советот, Ѓорѓиевска рече дека во акцијата ќе учествуваат сите советници. Тие апелираа сопствениците на семејни гробни места, да се вклучат во големата организирана акција за чистење на градските гробишта, која ќе се одржи следната недела.