Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Во Собранието почна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, пријавени 13-ина лица

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна јавната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски.

На јавната расправа за збор се пријавени 13-ина лица од разни области од правосудството – адвокати, професори, истакнати правници, претставници од невладиниот сектор.

Претседателот на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов, ги спомна некои од новините што се предвидуваат да се воведат со измените.

Реклама

Потенцира дека она што го предлагаат сега со измените на Кривичниот законик е многу построго од она што било до 2023 година. Нагласи дека измените се усогласени со европските директиви.

– Ова е важна јавна расправа бидејќи имаме важен закон, кој повеќе од 40 дена е во Собранието. Овој закон се носи по неколку основи, а тоа е, пред сè, Собранието го носи во меѓупериодот што го чекаме меѓу донесувањето на Кривичниот закон, кој се работи во Министерството за правда заедно со Европската Унија, Венециската комисија, и она што од нас како Собрание, како пратеници, го побара Уставниот суд. Важно е да се каже дека има неколку измени во законското решение – гонењето по службена должност на жртвите на семејно насилство, Законот за прекршоците, каде што во рамките на кривичните дела се вметнува и „Безбеден град“, со цел да имаме побезбеден сообраќај во Скопје и секое девијантно однесување и неприспособени брзини и дејства во рамките на сообраќајот да бидат најстрото санкционирани, што исто така сметавме дека е многу важна основа во законското решение, како и враќање на оние одредби кои за неколку часа во 2023 година беа избришани, а се однесуваа на злоупотребите на службената должност на функционерите. Казните што ги предвидуваме се поголеми од оние што беа – рече Пренџов.

Дебатата почна со излгање на професорката од Правниот факултет при УКИМ, Ана Чупеска.