Реклама

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Македонија

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

Вечер ќе биде спроведена 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечер ќе биде спроведена 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, соопшти денеска, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

– Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од здравствените власти – се додава во објавата.

Ѓорѓиевски потсети дека во изминатиот период биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци.

Реклама

– Дезинсекција против ларви: 7 мај – авионска дезинсекција, 11 јуни – авионска дезинсекција, 26 јуни – теренска дезинсекција, 10 јули – авионска дезинсекција, 23 јули – теренска дезинсекција, 11 август – теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни форми на комарци: 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција, 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција, 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција, 13 и 15 јули – теренска дезинсекција, 30 и 31 јули – авионска дезинсекција, 4 и 6 август – теренска дезинсекција. До крајот на сезоната, ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци – најави Ѓорѓиевски.

Овие податоци, како што се наведува во објавата, најдобро покажуваат дека активностите се спроведуваат континуирано, навремено и согласно однапред утврдена динамика.

– Продолжуваме навремено и системски да работиме на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните – додаде скопскиот градоначалник.