Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Во Скопје се одржа спортско-рекреативниот фестивал #BeActive

Во организација на Министерството за спорт како национален координатор, изминатиов викенд (31…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Министерството за спорт како национален координатор, изминатиов викенд (31 мај и 1 јуни) на стадионот на АРМ во Градскиот Парк во Скопје, се одржа спортско-рекреативниот фестивал #BeActive. Овој настан е во рамките на Европската недела на спортот (EWoS), инцијатива покрената од Европската комисија за промоција на спортот и физичката активност.

Проектот има за цел да ги поттикне граѓаните да се занимаваат со физичка активност, без разлика на возраста или физичката подготвеност како и да ги едуцира граѓаните за здравиот начин на живот

На дводневниот спортско-рекреативен фестивал посветен на промоција на спортскиот дух, здравиот и активен начин на живот и вклучување на младите во спортските активности, граѓаните имаат можност да учествуваат во низа активности – од рекреативни игри, фитнес програми и здравствени совети до спортски предизвици и интеракција со професионални спортисти и тренери и претставници од националните спортски федерации.

Реклама

-Заедно со децата, младите, спортистите и сите присутни граѓани уживавме во позитивна енергија, движење и спорт. Ги поддржуваме вистинските вредности – здрав живот, активна младина и заедништво преку спорт – изјави министерот за спорт, Борко Ристовски, кој активно учествуваше во настанот.

Свој придонес со присуство и поддршка на овој масовен спортско-рекреативен настан дадоа и претставниците на дипломатскиот кор – амбасадорот на Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз и амбасадорот на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери. На настанот присуствуваа и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеникот Бојан Стојаноски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Без разлика дали сте активно вклучени во спортот или не, спортот создава средина во која сите се чувствуваат добредојдени и средина во која се промовираат вистински вредности. Со оваа порака, Министерството за спорт упати благодарност до сите учесници, поддржувачи и партнери на настанот, со најава дека и во иднина ќе продолжат активностите за поигнување на свеста за важноста на физичката активност и спортот во секојдневниот живот.