Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Во Штип се прават зафати со коишто ќе се продобри водоснабдувањето

Со инсталирање на системот „Скада„ штипското комунално претпријатие Исар, ќе се бори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со инсталирање на системот „Скада„ штипското комунално претпријатие Исар, ќе се бори со загубите на вода. Тоа значи дека со овој систем, ќе се врши целосна контрола на водоводната мрежа во градот и ќе се знае каде се губи водата за пиење откако излегува од Филтер станицата.

  „Тоа е комплексен систем кој ќе биде потавен на 37контролни точки. Ќе се изведува компјутерски преку специјален софтвер и ќе може сите тие дефекти и загуби на вода во кои спаѓаат и кражбите, навремено да се детектираат и да се преземат соодветни мерки за да се спречат„ изјави Александар Арсовски, директор на ЈП„Исар„Штип.

Една од главните придобивки на овој систем, е тоа што со него ќе се стави ред и на кражбите на вода од страна на граѓаните.  Се претпоставува дека откако ќе биде инсталиран, загубата  на вода која е околу 60%  ќе се сведе на минимум . Според анализите Исар,  по основ на загуби на вода поради старата и дотраена мрежа, но и дивите приклучоци годишно губи околу  2,5 милиони евра

Реклама

  „Кражбите на вода се проблем со кои постојано се соочуваме. Единствено по дојава на граѓани може да се констатираат и спречат. Но по инсталирањето на системот Скада, тоа ќе може и софтверски да го решиме и ќе бидат сведени на минумум„ изјави Александар Арсовски, директор на ЈП Исар.  

Освен решавање на проблемот со загубите на вода, се очекува ова лето штипски Исар, конечно да го нормализира и водоснабдувањето , посебно во повисоките населени места. Откако ќе се заврши со градбата на резервоарот „Пребег„ , веднаш ќе се започне со изградба на уште еден резервоар. И двата се дел од  новата Водоводна линија 2.

Александра Ристеска