Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во Штип одржана дебата „Културен предизвик“

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип бараат од културните институции да добиваат информации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип бараат од културните институции да добиваат информации за културно-уметничките настани на социјалните медиуми кои најмногу ги користат, а тоа се инстаграм и тик-ток, како и да бидат вклучени во креирање на одредени содржини, кои ќе бидат динамични.

Овие барања и идеи како културните институции во Штип да се приближат до студентите кои студираат на штипскиот Универзитет, беа презентирани од Александар Величков студент на Факултетот за медицински науки во Штип.

-Со оваа дебата „Културен предизвик“ всушност ние сакаме да ги предизвикаме сите студенти, сите млади, но од друга страна да ги предизвикаме институциите, УГД, културните институции, како и градот Штип, да понудат што е можно побогата културна содржина за младите, којашто на квалитетен начин ќе можат да ја искористат. Што е она што е важно мора да се креираат содржини, кои се динамични и кои се во тренд со младите, за да можат да го задоволат нивниот вкус и на еден начин апетит и она што е исто важно е да таквата содржини на правилен начин да допре до младите, вели Величков.

Реклама

Оливер Цацков професор на Факултетот за образовни науки при УГД-Штип истакна дека целта на денешната дебата „Културен предизвик“ е да се направи платформа, односно како што вели , движење за студентите да си го најдат својот културен предизвик.

-Тоа значи дека секоја институција ќе понуди она што може да им го претстави на студентите, универзитетот исто така и целата таа платформа да функционира и најважното е студентите да го пронајдат она што бараат. Предизвикот е отворен и се надевам искрено дека ќе успееме во тоа, вели Цацков.

На денешната дебата присуствуваа претставници од сите културни институции од градот Штип, кои ги презентираа содржините и можностите кои ги нудат за студентите.