Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Во Штип обука за нарачка на учебници преку електронски систем

Во Штип денеска е реализирана првата обука во државата за нарачка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Штип денеска е реализирана првата обука во државата за нарачка на учебници преку електронски систем. Обуката ја реализираа стручни лица од Министерството за образование и на наука (МОН) од Секторот за учебници и педагошко советување, а присуствуваа директори од повеќе основни и средни училишта од општините од Брегалнички регион. Раководителите на Секторот за учебници и педагошко советување  во МОН, Икмет Асалмани вели целта е да се изнајде решение за секоја потешкотија при нарачката, за да накрај се обезбедат соодветните учебници, кои се основното наставно средство. 

– Обуката е со тема нарачка на учебници преку електронскиот систем за нарачка на учебници за основно и средно образование. На обуката учествуваат директори од средни и основни училишта, а исто така и одговорни лица за нарачка што ја праваат во електронскиот систем. Значи главната цел е при процесот за нарачка на учебници да се отсртани секоја евентуална грешка, одиме превентивно, а министерството води грижа и за тоа-рече Асалмани. 

Таа додаде дека на обуката има добри објаснувања, на поставените нејасни прашања од страна на раководствата на училиштата.

Реклама

-Сега гледам по обуките, значи имаме добро поставени прашања добри објаснувања. Затоа што колку и да е едноставен системот, сепак си има некој елементи, кои што се случува од страна на училиштата да настанат и тоа се рефлектира во самата нарачка на учебници-вели Асалмани.

Министерството за образование и наука вакви обуки има предвидено и за училиштата во Скопје и западна Македонија.