Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Во Штип денеска и утре Балканскиот медиумски камион

Балканскиот медиумски камион денеска и утре е во Штип. По тој повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балканскиот медиумски камион денеска и утре е во Штип. По тој повод денеска во Штип беше и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер, којво оваа пригода рече дека фондацијата „Метаморфози“ е дел од проектот „Споделени хоризонти“, којшто се спроведува во шест земји од Западен Балкан. Посочи дека „Споделени хоризонти“ е најголемиот проект финансиран од француското Министерство за надворешни работи и е наменет за граѓанското општество и младите.

-Покрај вредностите на спортот, зачувањето на културното наследство и дебата на идеи, борбата на дезинформации се столбовите на овој проект. Борбата против дезинформациите е еден од приоритетите на Франција, особено затоа што нашата земја, нашата демократија се цел на чести напади. Зошто овој камион за борба против дезинформации? За да се сретнеме со јавноста на оригинален начин да ја подигне свеста на забавен и прагматичен начин, за формите и последиците од дезинформациите. Овде во Штип е третата македонска етапа по Битола, Гостивар, а пред Скопје, вели Ле Риголер.

Францускиот амабасадор додаде дека Балканскиот медиумски камион нуди алатки за препознавање на манипулации и дезинформации, како и клучни совети за самите да не станеме пренесувачи на дезинформации. Тој додаде дека дезинформациите не можат да се поистоветат со слободата на говорот, туку нивната цел е да посејат сомнеж и да ги дестабилизираат демократските земји, како што се Македонија и Франција.

Реклама

Деспина Ковачевска од Фондацијата Метаморфози рече дека е многу важно да се зборува со сите генерации и младите, за тоа што е медиумска писменост, како ги добиваме вестите.

-Дезинформациите се еден голем проблем на кој треба да се работи од аспект на еден пристап на целото општество, односно да се почне многу рано уште во образованието, да се работи со најмладите и со студентите, па и да се работи и со постарите генерации, коишто сега повторно учат медиуми, кои ги немало порано. Порано кога имало само Телевизија имало еден филтер, каде што уредникот во телевизиите одлучувал што ќе помине. Но, сега секој може да постира било каква информација на интернет, а најпогодени се мислам постарите и најмладите генерации, бидејќи не се свесни дека таа информација може да биде лажна, намерно манипулирана и создадена, за да не измами и да наруши некаков демократски процес, вели Ковачевска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека имал средба со францускиот амбасадор Ле Риголер разговарале за проектите и развојот на Штип, како и на соработката на општината со амабасадата на Република Франција. Забележа дека ваквите настани се корисни за граѓаните, со цел да препознаат дезинформација, а за развој на едно здраво општество потребно е да се имаат вистинити и точни информации.