Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Во септември треба да почне судењето на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот, сега е во домашен притвор

На триесет и шестогодишната Вале од Кратово, која од жртва на семејно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На триесет и шестогодишната Вале од Кратово, која од жртва на семејно насилство се претвори во двократен убиец, затворскиот и е заменет со домашен притвор. Таа останува во куќата на нејзините родители во Скопје.  Одбраната очекува наредниот месец  да започне и судската постапка во која треба да докажат дека долги години била жртва на семејно насилство. Нејзиниот адвокат е оптимист дека ќе се смени правната квалификација од убиство  во акт на самоодбрана и обвинетата ќе се брани од слобода.

 „Сметам некаде во септември, ако заврши истрагата со ова темпо би требало истата да продолжи во судска постапка. Моментално куќниот притвор ни е некаде до средината на септември и по подигање на обвинението ако биде правната квалификација како што ние сметаме, може да бараме негово укинуваање и обвинетата да се брани од слобода, изјави адвокатот Христијан Георгиев.

   Стручни служби  се уште работат со двете малолетни деца кои по трагедијата, се згрижени кај член на потесното семејство. Се прават напори семејството повторно да биде заедно, со што полесно ќе се надминат овие тешки моменти, како за децата, така и за самата мајка, објаснува адвокатот Георгиев.

Реклама

 „Центарот за социјални работи во Кратово работи во подобруваање на нивната психофизичка состојба, како од страна на социјалните работници, така и од страна на стручни лица од областа на психијатријата и психологијата. Ние активно работиме да ја споиме мајката со дечињата, бидејќи сметаме дека мајчината љубов е неприкосновена, но и премногу потребна во овие моменти“, изјави адвокатот Христијан Георгиевски.

Сопружниците речиси 13 години биле во брак, а несогласувањата започнале пред пет години. Жената неколку пати го пријавувала својот насилник, а во минатото на сега починатиот сопруг, му била изречена и судска забрана во рок од една година. Убиството  се случи во јуни во семејната куќа. Жената за да се спаси од сопругот кој ја тепал и давел, со кујнски нож прво го прободе него, а потоа и свекорот.

Александра Ристевска