Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Во прилепско пеплосани 100 хектари ниска вегетација, пожарите од утрово од контрола

        Марковите Кули, Манастирот „Св.Архангел Михаил“ како и Дабничкиот појас над Прилеп,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Марковите Кули, Манастирот „Св.Архангел Михаил“ како и Дабничкиот појас над Прилеп, каде вчера во доцните попладневни часови избувна пожар, од рано утрово се безбедни. Благодарение на натчовечечките напори и на професионалното дејствување на прилепските пожарникари, огненатата стихија е ликвидирана, но заради ветрот и очекуваното зголемување на дневните температури, опожарениот простор континуирано е под надзор, велат од ТППЕ од Прилеп.

  „Во еден момент се протегаше од местото „Задград“ кон Манастирот „Св. Архангел Михаил“ каде што навремено беше спречен и не дојде до загрозување на Манастирскиот комплекс. Вкупно, од вчерашниот ден до утринските часови бевме околу 15 пожарникари, се менувавме, а од месното население имаше 5-6 души кои што ни кажуваа во ноќните часови за некои локални патчиња кои што беше тешко да се откријат оти пожарот навистина беше многу силен и проследен со чад“, – ни изјави Виктор Стојчески, зам. командир на ТППЕ Прилеп.

  Според првичните проценки, вчерашните пламени јазици над Прилеп, пеплосале околу 100 хектари површина, за среќа, со неквалитена ниска вегетација. А претпоставка е дека и за овој пожар причина е човечкиот фактор, односно запалена дива депонија пред с. Дабница.

Реклама

  „Значи, од Споменикот „Дабница“, цел тој рид „Зеленик“, па префрли ваму одкај „Наковална“, па месноста викана  „Задград“. Трева гореше, нема тука некоја шума, меѓутоа во Месноста „Задград“ имаше загрозено некои објекти, викендици, шупи, но не дозволивме пожарот да дојде, на пример, до населбата „Тризла“, што е најбитно“ – објаснува Стојчески.

  И од општина Прилеп, потврдуваат дека засега во прилепско локализирани се сите пожари, вклучително и оној кај селото Радобил. Единствено, денеска послаб и не толку опасен пожар имало во правец на Манастирот „Трескаваец“.

   „Единствено мала опасност постои уште кај Манастирот „Трескавец“, односно има мал пожар, тој е активен, но сепак се држи под контрола, има дежурни екипи. Сакам да упатам еден апел до граѓаните на Прилеп, посебно до тие предели таму, да не се однесуваат несовесно и да не ги палат тревите затоа што тоа претставува огромна опасност по населението од целиот град. Во спротивно МВР ќе биде приморано да преземе мерки и да ги санкционаира таквите луѓе доколку бидат пронајдени“, – кажа Христијан Тунески, ЛС Прилеп.

  Инаку, според неофицијалните проценки на ТППЕ, само во последниов месец во прилепско и долненско имало преку 100 посериозни пожари.

                                                                                                     Каролина Дурло