Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Во прилепскиот тутунски комбинат предизборно се „вдомуваат“ 67 општи работници

На неполни дваесетина дена од распишувањето на изборите, продолжуваат да фрчат конкурсите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На неполни дваесетина дена од распишувањето на изборите, продолжуваат да фрчат конкурсите за нови вработувања. Според огласот кој на Агенцијата за вработување осамна на 6 февруари и траеше само два дена, поточно до вчера, во прилепскиот Тутунски комбинат ќе се вработуваат дури 67 општи работници на неопределено време. Дали новите вработувања се реална нужност за производствениот процес или пак се само обично предизборно врбување на потенцијални гласачи, прашавме во Тутунскиот комбинат, меѓутоа до овие вести оттаму одговор не добивме. Дилемата за тоа што навистина се крие зад овие вработувања, станува уште поголема и заради фактот што од јуни лани, за прв човек на Комбинатот, со амин од Владата, беше назначен Зоран Пачешкоски, кој во исто време е и претседател на ОО на СДСМ од Прилеп.

  На случувањата во Тутунскиот комбинат, реагираа и од локалното ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму обвинуваат дека ова било нов обид на СДСМ за уште еден „бонбона бизнис“, односно за целосно обезвреднување на Комбинатот со крајна цел – багателна продажба на свои луѓе.

  „За глас повеќе на престојните избори, менаџментот на Тутунски комбинат како да решил на коцка да ги стави судбините на околу 300 редовно вработени и да вработи нови 70-тина лица на неопределно време?  На ваков начин директно се загрозува обновувањето на договорот со „Филип Морис“ и работниот век на сегашните вработени. Пред неколку месеци јавно прашувавме која е целта за поставување на Пачешкоски за директор на Тутунскиот комбинат. Одговорот веќе го добивме – за да посведочиме за уште еден „бонбона-бизнис“ како Комбинатот на крај би бил продаден на блиски луѓе од редовите на СДСМ“, – истакна Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп.

Реклама

  Инаку, прилепскиот Тутунски комбинат има традиција од 150 години. Од мај 2014 година негов официјален стратешки партнер е американскиот „Филип Морис“ со доминантни 51 проценти учество во капиталот. Остатокот од капиталот е од ТКП, односно од државата. Со цел извлекување на Комбинатот од листата на големи загубари на која беше со децении, „Филип Морис“ бројот на вработените го преполови, исплаќајќи отпремнини на 200 работници кои беа отпуштени. На крајот од 2022 година пак, тогашниот генерален директор, исто кадар на СДСМ, го предизвика револтот на јавноста со висината на својата плата од 2.000 евра месечно, додека тутунарите, исто како и сега, молеа за попристојни откупни цени.

Каролина Дурло