Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во прекин сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајка, пренасочен по регионалниот пат 

Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес.   – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во прекин е сообраќајот на експресниот пат Прилеп – Градско по тешката сообраќајна несреќа во која во директен судир на два автомобила загинаа две лица, а едно е тешко повредено. Сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат, попладнево потврдија од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила. Од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци на местото била констатирана смрт кај возач и сопатничка во едното возило, а во Општа болница Кавадарци кај возачот од другото возило биле констатирани тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека увид на местото врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е во прекин и е пренасочен по регионалниот пат.