Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

По смртта на близначињата – ДСЗИ ќе врши вонреден надзор во прилепската болница 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во понеделник ќе има вонреден надзор во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во понеделник ќе има вонреден надзор во прилепската болница за смртта на премрзнатите и гладни близначиња. Директорот на инспекторатот, вели дека ќе се испитуваат сите документации за третманот на бебињата од страна на докторите.

Според информациите од болницата, мајката била предупредена од дежурниот педијатар дека можни се здравствени последици кај новороденчињата, но таа со потпис и на своја одговорност си ги земала дома – вели главниот неонатолог на болницата, д-р Лилјана Христоска. Според неа, нема лекарска грешка во треманот на децата.

“Двете близначиња се родени во 34 гестациска недела.Тие пред испис бea во добра здравствена состојба без кислородна поддршка.Без никаква терапија, исклучиво за исхрана и со тенденција на пораст на телесна температура.Новородените не беа за испис од болница, поради пониска тежина, но и покрај убедувањата дека се можни последици по нивното здравје мајката инсистираше да бидат испишани” – велат од прилепската болница.

Реклама

Трагедијата за смртта на близнаците ја потресе јавноста. Двете се превремено родени, машко и женско биле стари само 17 дена родени на 31.12.2024 година. Мајката на која ова и било четврта бременост и претходно има уште 3 други малолетни деца, се породила спонтано, а на 10.01. по нејзино  барање новороденчињата се испишани од болницата.

Од болницата велат дека на 16-ти јануари, во 10:45 часот, било донесено женското бебе во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според информациите на лекарите машкото пак новороденче било претходно починато дома од истата причина премрзнување.

Извршена била реанимација на женското новороденчето кое било интубирано, поставено во топли ќебиња и применети биле дополнителни мерки за затоплување, но и покрај сите обиди, починало.

Јавен обвинител наредил обдукција – што би требало да ја покаже точната причина за смртта на близнаците.