Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Во Пехчево средба Китански – Здравков, фокус на инфраструктура и локална економија

Директорот на Центарот за развој на источно-планскиот регион (ИПР) Трајче Здравков денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за развој на источно-планскиот регион (ИПР) Трајче Здравков денеска беше во работна посета на Општина Пехчево каде оствари средба со градоначалникот Александар Китански. На средбата, како што информираа од Општината, се разговарало за тековните и идни проекти за регионален развој.

-Посебен акцент на средбата беше ставен на унапредување на инфраструктурата, поддршка на локалната економија и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Исто така, се дискутираше и за повиците од Владата на Македонија за рамномерен регионален развој, информираа од Општината.

Целта на посетата, како што додаде пехчевскиот градоначалник, е и зајакнување на соработката и координацијата во реализацијата на развојните програми во регионот.

Реклама

-Ваквите средби се клучни за обезбедување на ефективни проекти кои директно ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните- подвлече Китански.

Здравков потенцираше дека Центарот за развој на ИПР ќе продолжи да ја поддржува Општина Пехчево во подготовка и имплементација на развојните програми, со цел обезбедување рамномерен и одржлив регионален развој.