Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Во општина Старо Нагоричане се градат повеќе патни правци

Општина Старо Нагоричане реализираше инфраструктурни проекти во изминатиот период, а во тек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Старо Нагоричане реализираше инфраструктурни проекти во изминатиот период, а во тек се и нови активности за изградба и реконструкција на патишта, информираа денеска надлежните од општината. Градоначалникот на општината, Мирослав Славковски соопшти дека се завршени значајни патни правци во повеќе населени места.

– Во изминатиот период реализиран е проектот за изградба на пат во маало Пиленац во село Младо Нагоричане со должина од 574 метри со средства обезбедени од Владата од првиот повик за реализација на инфраструктурни проекти, како и пат во маало Адјинци во Младо Нагоричане со должина од 620 метри кон село Стрновац со должина од 657 метри. И за овие патни правци средствата се обезбедени од Владата, преку Светска банка-изјави Славковски.

Градоначалникот информираше дека во тек е подготовка и реализација на нови патни правци. Во фаза на изработка се два проекта во Младо Нагоричане, пат кај основното училиште „Христијан Карпош“ во должина од 600 метри, финансиран преку Владата и Светска банка, како и пат до манастирот Забел, долг 650 метри, обезбеден преку првиот повик.

Реклама

Во наредниот период, како што најави градоначалникот, се подготвува тендерска документација за уште пет патни правци – три кон селото Добрача и два во Старо Нагоричане. Средствата за овие проекти се обезбедени преку вториот повик од Владата со дополнително кофинансирање од буџетот на општината.

Според Славковски, овие инвестиции имаат за цел подобрување на локалната патна инфраструктура и условите за живот на граѓаните во руралните средини.