Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Во напредна фаза темелната реконструкција на месната заедница во Драчево

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на објектот на месната заедница во Драчево, кои веќе се во напредна фаза. Сликата на терен се менува секојдневно, а објектот кој со години беше во лоша состојба забрзано го добива својот нов лик. Во овој момент, карабината и новата кровна конструкција се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на објектот на месната заедница во Драчево, кои веќе се во напредна фаза. Сликата на терен се менува секојдневно, а објектот кој со години беше во лоша состојба забрзано го добива својот нов лик.

Во овој момент, карабината и новата кровна конструкција се целосно завршени, додека градежните екипи интензивно работат на уредување на внатрешноста и изработка на новата фасада. Темелната реконструкција опфаќа и комплетна замена на застарената електрична, водоводна и канализациона инсталација.

Со целосната обнова на кровот и фасадата значително се унапредува енергетската ефикасност на објектот. За таа цел, греењето и ладењето ќе се одвиваат преку нови инвертер сплит системи, со што се гарантира економично и ефикасно функционирање на просторот во текот на целата година.

Реклама

Внатрешноста се трансформира во целосно нов, функционален амбиент кој е суштински прилагоден на реалните потреби на граѓаните. Целта е Драчево да добие модерен, безбеден и квалитетен простор наменет за секојдневни средби, активности и локални услуги.

Оваа реконструкција се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит. Тоа е директно вложување во инфраструктурата која им служи на граѓаните и јасна потврда за заложбата за рамномерен развој на сите населени места во општина Кисела Вода.