Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Во Македонска Каменица се реализираат инфраструктурни зафати во населбата Цинкара и на градскиот базен

Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за подобрување на комуналната инфраструктура и условите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на граѓаните, преку реализација на конкретни проекти во повеќе делови од градот.

Како што информираше градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во населбата Цинкара, на улицата Церска, во тек е изградба на канализациска мрежа, со што ќе се овозможи приклучување на околу десет домаќинства.

-Со оваа инвестиција се решава долгогодишен инфраструктурен проблем за жителите од овој дел на градот, а со приклучувањето на новите корисници ќе се подобрат санитарно-хигиенските услови и квалитетот на живеење, истакна Стаменкова.

Реклама

Покрај активностите во населбата Цинкара, локалната самоуправа како што додаде работи и на уредување на градскиот базен во Македонска Каменица.

-Целта е негово целосно оспособување и подготвеност за користење во наредниот период. Ваквите зафати се дел од пошироката стратегија за унапредување на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните. Остануваме посветени на инфраструктура и подобар квалитет на живот“, истакна градоначалничката Стаменкова, нагласувајќи дека и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во проекти од значење за локалната заедница.

Со реализацијата на овие активности, Општина Македонска Каменица продолжува со вложувања насочени кон подобрување на комуналните услуги и унапредување на условите за живот во градот.