Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Во Македонија има 46 осуденици кои остслужуваат доживотен затвор

Македонскиот Раскољников што убиваше баби со секира, Николче Гигевски викан Кинезот што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот Раскољников што убиваше баби со секира, Николче Гигевски викан Кинезот што уби двајца сопружници во Драчево, бездомникот Дино Диневски што се моли Сандра да стане и да каже кој ја уби, се само тројца од 46 осудени убијци што лежат во Идризово. Деветмина од нив се терористи, осум од акцијата Диво насеље и Агим Исмаиловиќ, убиецот од крвавиот настан на Смилковското езеро. Согласно последните измени на Кривичниот законик доживотниот затвор може да биде заменет со 40 години затвор. Претходно, доживотната робија можеше да се замени со 20 години, а многу поодамна и со 15.

Но, дали македонскиот правосуден систем нуди ресоцијализација или Идризово постои заради нехумано казнување на свирепи убијци и терористи?

Адвокатот Еленко Миланов вели дека ако некој го осудат за убиство што го сторил на 20 години, треба да се има во предвид дека во наредните децении тој можеби и сфатил што направил и се покајал, па затоа заслужува и ревидирање на казната.

Реклама

Еден од случаите кои ги има застапувано Миланов е убиството на Сандра од Автокоманда што се случи во 2006 за кое доживотен затвор лежи бездомникот Дино Диневски. И по речиси 20 години од убиството, дел од јавноста се уште не е убедена дека Дино е силувачот и убиецот на Сандра. Миланов е убеден дека судот немал цврсти докази за да ја изрече највисоката санкција. Според неговото сеќавање најцврстиот доказ е климав бидејќи Дино не бил виден на местото на настанот на денот на убиството.

Освен неколкумина терористи во најозогласеното оддлено во Идризово викано деветто крило лежат осуденици за свирепи убиства на своите сопруги, мајки и убијци од користољубие. Меѓу нив единствена жена е Блерта Поцеста, иселеничката од Италија која во семејната куќа во Дебар ги уби родителите и 14 годишната сестра. Медиумите пишуваа за мотивите на Блерта. Според едни, Поцеста си го убила семејството поради пари, а за други, бидејќи родителите не ја пуштиле да се венча со Италијанец.

Сите овие имаат право на преиначување на казната доживотен затвор откако одлежале или ќе одлежат најмалку 15 години.