Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски

Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мај или јуни ќе се отвори дискусија за можни кадровски промени во Владата – најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната презентација на страјкер‑возилата во касарната во Петровец.

Одговарајќи на новинарско прашање дали со коалициските партнери веќе се разговара за реконструкција на Владата, Мицкоски потврди дека разговори има.

– Сме разговарале, бидејќи и коалициските партнери, но и ВМРО‑ДПМНЕ, имаат внатрешни прегрупирања и реструктуирање. Очекувам во мај-јуни да се седне и да се поразговара и апсолутно ќе разговараме отворено за сите теми – изјави премиерот.

Реклама

Тој посочи дека анализите ќе опфатат кои кадри потфрлиле, кои не, како и кои позиции би можеле да се променат или ротираат.

На прашањето дали има министри од чие работење е незадоволен, премиерот кусо одговори дека не би коментирал повеќе од веќе кажаното.