Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во кумановската гимназија одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Повеќе делегации предводени од училишната денеска положија цвеќе пред бистата на патронот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе делегации предводени од училишната денеска положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев во кумановската гимназија и пригодно ги одбележаа 154-те години од раѓањето на патронот на ова училиште, револуционерот и визионерот, Гоце Делчев.

Ученици, граѓани ја одбележаа годишнината од раѓањето на великанот на револуционерната борба Гоце Делчев. Пред бистата цвеќе положија претставници на училиштето, Општината, Советот, политички партии, невладини организации, граѓани.

Директорката на гимназијата Марија Тодоровска, посочи дека училиштето достојно го носи името на револуционерот Гоце Делчев, учениците постојано учествуваат на светски, европски натпревари каде освојуваат високи признанија по различни предмети.

Реклама

-Тој остави голем аманет за нас, да продолжиме со неговите мисли, да се натпреваруваме на секое културно поле и ние како училиште продолжуваме со натпревари на сите нивоа. Успесите кои ги постигнуваат нашите ученици, нашите наставници, резултира со учество на натпревари и на меѓународно и светско ниво, како доказ дека навистина станува збор за значаен успех за нашето училиште кое гордо го носи неговото име. Особен гордост деновиве за училиштето, е пласирањето на ученичката Илина Арсовска на Европската женска математичка олимпијада во Франција. Постојано учествуваме во проекти, нашите ученици освојуваат први, втори трети места на државни натпревари, учесници се на бројни натпревари во Европа, изјави Тодоровска.

Учениците читаа сопствени и творби од Анте Поповски.