Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Во Куманово се спроведува проектот „ Заедно за почист воздух“

Веќе две години, Општина Куманово заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе две години, Општина Куманово заедно со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) и Европската Унија работи на спроведување на проектот „ЕУ за чист воздух“, информираа денеска од Општина Куманово и најавија дека продолжуваат со активности за подобрување на квалитетот на воздухот во градот.

-Овој проект со вредност од 10 милиони евра, им помага на четирите најзагадени градови во државата во спроведување на активности за подобрување на квалитетот на воздухот. Во Куманово, проектот, Општината и „Куманово Гас“ работат на модернизација на нееколошките системи за греење во јавните објекти и нивна транзиција кон поеколошки енергенси – сè со иста цел: намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во градот, информираа од Општина Куманово.

Преку проектот и активностите во 2024 година, завршени се главните реконструкции на системите за греење во Средното стручно училиште „Наце Буѓони“ и во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“. Институциите користат современо греење на природен гас, што драматично ги намали штетните емисии, дури до 98 проценти за неколку видови загадувачи. Истовремено за една третина се намалени и трошоците за греење. Енергетската ефикасност, контролата на греењето и целокупната удобност во овие објекти значително се подобрени.

Реклама

Како што истакна Драги Јаневски, директор на ССУ „Наце Буѓони“, транзицијата кон почисто греење не е само техничка надградба, туку инвестиција во благосостојбата и иднината на учениците.

Во текот на 2025 година, зафати за модернизација на системите за греење беа преземени кај седум дополнителни институции во централното градско подрачје, основните училишта „Толи Зордумис“ и „Браќа Миладиновци“, музичкото училиште „Панче Пешев“, центрите за вработување и социјални работи, Основниот суд и Секторот за внатрешни работи Куманово. Поголемиот дел од објектите веќе се приклучени на градската гасоводна мрежа, што значи дека секој од овие јавни објекти во Куманово веќе работи или наскоро ќе добие почисто и посовремено греење.

-Овие напори имаат неспорни еколошки резултати. Со модернизација на застарените извори на греење, овие објекти ќе испуштаат 500 килограми ПМ2.5 и 850 килограми ПМ10 помалку во воздухот. Истовремено, со проектот, старите котли на течно гориво се рехабилитирани и сега служат како резервен систем, со што се зајакнува енергетската сигурност на вклучените објекти, информираа од општината.

Озеленувањето на градот е уште една важна цел на проектот. Досега се засадени 1.815 нови дрвја, со што се подобруваат зелените површини, се зголемува природната филтрација на воздухот и се придонесува за поздрава урбана средина за сите жители.

При акциите за зазеленување на неколку локации во 2025 година, градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека чистиот воздух треба да се третира како право, а не како привилегија. Придобивките од овие акции директно ги чувствуваат граѓаните.

Општина Куманово, ЕУ и УНОПС и во 2026 година остануваат посветени на намалување на емисиите, модернизација на јавната инфраструктура и изградба на позелен град.