Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Крива Паланка денеска ќе се одржи “Сусурига 2026”

Дефиле од маскирани лица во чест на празникот Прочка организирани во групи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дефиле од маскирани лица во чест на празникот Прочка организирани во групи што го оживуваат древниот македонски обичај посветен денес ќе продефилира низ центарот на Крива Паланка во рамки на манифестацијата “Сусурига 2026”.

Крива Паланка повторно ќе живее во ритамот на вековната традиција, преку манифестацијата „Сусурига 2026“, што со години го негува автентичниот обичај на маскирање и палење оган во чест на празникот Прочка.

Во духот на прошката, заедништвото и обновувањето, градскиот плоштад денеска ќе биде место каде ќе се сретнат генерациите, обединети околу живата традиција што се пренесува од колено на колено. Маскираните поворки, богатите обредни елементи и симболичниот оган ќе создадат силна и впечатлива слика за културниот идентитет на Крива Паланка – препознатлив, достоинствен и жив, се вели во соопштението од Општина Крива Паланка, во кое се повикуваат сите граѓани да ја проследат манифестацијата што ќе започне точно на пладне.

Реклама

Дефилето ќе тргне од плоштадот „Карпошово востание“, а централниот настан ќе се одржи на градскиот плоштад.

-Пред присутните ќе се претстават бројни фолклорни и обредни групи од земјата и регионот, кои преку традиционални костими, автентични маски, ѕвонци, чанови и обредни игри ќе ја доловат магијата на древните обичаи, додаваат од Општината. 

Учесници во годинашното издание се: Здружението „Странчинарски игри“ од село Мокриево, Општина Ново Село, „Ратевски Бамурци“ од село Ратево Општина Берово, суроварска група од село Вискјар, Перник, Бугарија, „Џоломари“ од село Манастирец , Општина Росоман и локалните културно-уметнички ансамбли „Карпош“ и „8 Октомври“ од Крива Паланка.

Манифестацијата „Сусурига 2026“ е во организација на Општина Крива Паланка и фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ и има за цел зачувување и промоција на нематеријалното културно наследство и поттикнување на заедништвото меѓу граѓаните.