Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Во Кочани врачени уверенијата на новиот градоначалник Грозданов и на советниците

Во салата на Советот на Општина Кочани денеска им беа врачени уверенијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во салата на Советот на Општина Кочани денеска им беа врачени уверенијата на новиот градоначалник на Кочани, Владко Грозданов и на членови на Советот на Општина Кочани, кои ги добија мандатите од граѓаните на Локалните избори.

Претседателката на Општинската изборна комисија, Билјана Димовска Гичева упати честитки на новоизбраниот градоначалник и на членовите на Советот, посакувајќи им успех во работата и посветено и одговорно извршување на функциите.

– Во името на Општинската избирна комисија и во мое лично име честми е што денес свечено ги доделуваме уверенијата на новоизбраните градоначалник и членови на Советот на Општина Кочани. Со ова го заокружуваме изборниот процес и ја потврдуваме волјата на граѓаните, изразена на демоктатски и транспарентен начин, рече Димовска Гичева.

Реклама

Новиот советнички состав брои 19 членови, од кои осум од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, четврорица од независната советничка листа – група избирачи Благица Сабовлевиќ Стоименова, од СДСМ и коалицијата тројца, од независната листа – група  Влатко Здравков двајца, еден советник од Движењето ЗНАМ и еден од група избирачи, Аќи Акиов.