Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Во Кочани откриено биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош од 16-ти март

Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“.

Иле, во текот на кобната ноќ помеѓу 16  и 17 – ти март со болничкото возила во единаесет наврати превезуваше повредени на клиники во Скопје.  Почина во својот дом на 17 март во вечерните часови во сон, после бурната и исцрпувачка ноќ, и борбата да се спаси уште еден живот. 

Бистата на Илчо Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош, а на чело на иницијативниот одбор беше Љупчо Ѓоргиевски, сега член на Советот на Општина Кочани.

Реклама

-Иле не беше колега, тој беше брат, другар, пријател, поддршка и пример за тоа што значи да се биде човек во вистинска смисла на зборот. Во секојдневните моменти занеше да внесе топлина, насмевка и надеж, а во најтешките покажа нешто што не може да се научи, туку се носи во себе. Вистинска несебична храброст. Во миг кога многумина би се повлекле, Иле чекореше напред, без двоумење и страв воден од желбата да помогне и спаси други. Тој го даде највредното што човек може да го даде – својот живот за да спаси други животи, рече во својот емотивен говор, Ѓоргиевски.

На откривањето на спомен обележјето на Гоцевски, донација на вајарот Филип, присуствуваа претставници на Владата, пратеници, членови на Советот на Општина Кочани, вработените во болницата, негови колеги, семејството, негови пријатели, граѓани.

Името на Илчо Гоцевски, кај сите што го познаваа, ќе остане запаметено како олицетворение на тивко херојство,  хуманост и несебично жртвување за други.