Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во Кавадарци едукативни предавања за превенција од насилство и булинг 

Едукативни предавања за превенција од насилство и булинг, беа реализирани денеска за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едукативни предавања за превенција од насилство и булинг, беа реализирани денеска за млади во Кавадарци, информираа од Министерството за внатрешни работи. 

– Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци реализираа едукативни предавања на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „Тик ток предизвици“. Учениците беа запознаени со последиците што може да настанат, како и со начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, соопштија од МВР.

Воедно, како што додадоа оттаму,  на учениците им било укажано за потребата од поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, што може да им наштетат.