Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Економија

Во Карбинци се реализираат неколку инфраструктурни проекти

Во финална фаза е реконструкцијата на основното училиште во село Радање. Зградата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во финална фаза е реконструкцијата на основното училиште во село Радање. Зградата, стара повеќе од осум децении, првпат се обновува целосно. Се заменува старата дотраена конструкција со современ и безбеден објект. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, вели дека проектот е во завршна фаза, а со кој ќе се обезбедат подобри услови за учениците и наставниот кадар.

-Ние веќе имаме низа од проекти кои што се во фаза на завршување. Во една таква фаза е и училиштето во село Радање, кое што е предмет на реконструкција од една навистина стара зграда, повеќе од 80 тина години, која што беше во една лоша состојба. За прв пат се целосно обновува и ќе добие еден модерен лик и функционална зграда, која што ќе биде за учениците и за персоналот, односно наставниот кадар, изјави Паунов.

Тој додаде дека во Општина Карбинци се работи интензивно и на неколку нови инфраструктурни проекти. Во тек се активности во селата Таринци и Карбинци, а започна и уредувањето на речното корито на Козјачка река.

Реклама

-Понатаму имаме еден поголем инфраструктурен проект, а тоа е во селото Таринци,кој наскоро ќе биде завшрен, тоа е улица од 560 метри исто така е предмет на финансирање од страна на Владата. Веќе се завршени и тротоарските површини во село Карбинци и покрај општината, а во почетната фаза е и речното корито на Козјачка река, која што исто така ќе се канализира и ќе се уреди. Граѓаните можат да очекуваат многу нови проекти во делот на патната инфраструктура, образованието, како и спортот, вели Паунов

Тој најавува дека во наредниот период ќе следуваат нови инвестиции во патната и образовната инфраструктура, но и во спортот.